„Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, се решивме да направиме наградна игра за производи од брендот Стоби. На овој начин сакаме да им се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.
Стобиранка има вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23-ти Октомври, второто на 27-ми ноември и третото на 25-ти декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил Toyota Yaris и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.
Сите подетални информации за наградната игра како и јавното објавување на добитниците ќе бидат поставени на веб платформата www.stobiranka.mk.