Стоилковиќ: Србите во Штип во вториот круг треба да го поддржат кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев

Што се однесува на српската заедница во Република Македонија одлука на нашата партија е да застанеме зад кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето од општините во Македонија, а конкретно во Штип да застанеме зад кандидатурата на Илчо Захариев, ова на денешна прес-конференција го истакна Иван Стоилковиќ претседател на демократската партија на Србите во Македонија како и Коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Тој успешно ја води својата општина како и српската заедница која живее во градот ги имаат сите услови за живеење, а освен српската заедница и останатите заедници без разлика на која национална припадност ги гледаат придобивките од Захариев. Мислам дека Србите кои што живеат во Штип треба недвосмислено во вториот круг во недела да ја дадат својата поддршка за кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И на тој начин да пратат силна порака дека не ги прифаќаат притисоците и нерегуларниот начин и пристап кога станува збор за изборната кампања на целата територија на државата, а со тоа и ВМРО-ДПМНЕ без разлика на изборните резултати е спремна да се бори за зачувување на мултиетничкиот карактер на Македонија како и почитување на Уставот на нашата држава, истакна Стоилковиќ.

Тој вели и дека со ова гласање ќе се стави крај на можноста Македонија да стане бинационална држава.