Зоран Заев е бранител на криминалот на Рашковски, а домашниот притвор не е цврста гаранција дека Рашковски нема да влијае врз сведоци и да прикрива докази, истакна на денешната прес-конференција во „коменатр на денот“ портпролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
„Немам сомневање дела се е чисти“ рече Заев за случајот на Рашковски, и продолжи дека владата и генералниот секретаријат работеле со една сметка. Заев му даде институционален легитимитет на Рашковски, кажувајќи дека стоел зад неговите одлуки, за кои тој сега е дел од постапка.
Со самиот факт што Заев го легитимира Рашковски и ја оправдува набавката на софтверот, кој Рашковски сам си го патентирал и купил, ама со државни пари, и тој треба да е дел од постапката.
Не може Рашковски да е дел од постапка и во домашен притвор, а Заев кој го аминувал сето тоа да е на слобода.
Рашковски како генерален секретар на влада е десна рака на Заев. Не може сите луѓе на Заев да се до гуша во криминал, а Зоран Заев да е на чист.
Јавното признание на Заев во врска со случајот на Рашковски е доволен доказ за тој да биде вклучен во постапката.
Очекуваме ЈО да ја прошири истрагата и кон првиот човек во владата, бидејќи тој сам кажа дека стои зад Рашковски и оваа набавка.
Криминалот не се отстранува само со отстранување на пипците на октоподот, туку и со неговата глава, порача Стоилковски.