Стоилковски: Бидејки Заев е убеден во поддршката на 75%, ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Фејсбук објава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Додека Македонија сѐ уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75% од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати.

Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства Заев е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори!