Стоилковски: Изборот на Мандиќ е уште еден обид на Заев да амнестира можен криминал

За да просперираш во СДСМ мора да имаш прашина дека си замешан во некаков криминоген скандал. Или дека си го бранел криминалот на партијата, било на централно или на локално ниво, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Љупчо Путерот, Венко Филипче, Мила Царовска… Веројатно тука место ќе најдеше и Драги Рашковски, да минеше она јавно помилување на Заев за Рашковски. Но затоа Заев во новиот надзорен орган на партијата, најде друг соодветен кадар и таму ја смести Викторија Аврамовска Мандиќ, десната рака на Петре Шилегов во Град Скопје. Мандиќ е главната маша на Петре Шилегов за набавките на град Скопје. Мандиќ е генералниот секретар на Град Скопје, којашто својата популарност ја стекна по набавките за кои што ВМРО-ДПМНЕ приложи поднесок до ЈО за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси, а во врска со половина милион евра разлика во тендерот за таканаречената противпожарна скала, истакна Стоилковски и додаде:

„Мандиќ се прослави по информациите во јавноста за тендерите и набавките на семејна фирма, односно на фирма на нејзиниот зет од сестра, фирма која што има најмалку 12 договори со Град Скопје и градските јавни претпријатија, каде секретар е Мандиќ, за над 300.000 евра. Заев во СДСМ се обиколи со лица кои што имаат тежок багаж во јавноста. СДСМ се повеќе од партија на власт се претвора во партија на мафијата. Изборот на Мандиќ во СДСМ е уште еден обид на Зоран Заев да амнестира можен криминал за кој што има поднесок до ЈО. Со ваков избор на вакви луѓе, се појасно е дека на чело на државата не е политичка партија туку политички огранок на мафијата“.