Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
На крајот на годината, на виделина излезе коалицијата Тачела, одговорни за хаосот во Скопје. Љубовта меѓу Данела Арсовска, СДС/ДУИ и Левица, вчера се разгоре против проекти за модерно Скопје, а се обединија за непродуктивни трошења.
Со усогласена кореографија и партнерство на СДС/ДУИ и Левица, сите амандмани на СДС при расправата за градскиот буџет, во согласност со Арсовска беа прифатени или беа повлечени од СДС. Ниту еден амандман предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција СДС/ДУИ и Левица со Данела Арсовска.
Се отфрли инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, градба на улици, булевари. Инвестиции во спортот, градба на нови паркови, додека Арсовска не намали од програмата за промоција и гол пи ар на градоначалничката.
Еве дел од нив:
Амандман со којшто од делот Стоки и услуги, ставка- Други тековни расходи, цифрата 47,710,000 се менува во 22,710,000; односно 25 милиони денари од тука да се префрлат во Програма В2 Домови за стари, Разни трансфери, наместо 4,600,000 да се смени во 29,600,000 денари. Ова се предложи со цел успешна имплементација на Одлуката која ја донел Советот за Парична помош за социјално загрозени лица погодени од енергетската и финансиската криза, за намирување на нивните сметки за струја. Амандманот е одбие од новата коалиција.
Втор амандман одбиен од коалицијата Тачела: 35 милиони денари од ставка Договорни услуги. Наместо 52,160,000 да изнесуваат 17,160,000, а 35 милиони денари да се префрлат на Програма за Изградба и реконструкција на локални патишта, за сообраќајни проекти за нови кружни текови, нови булевари и за реконструкции.
Трет одбиен амандман од програмата за Модерно Скопје: 30 милиони денари од програмата Разни трансфери, во програмата за капитални трошоци за спорт и рекреација.
Следен одбиен амандман со којшто би се сопреле непродуктивни трошења од буџетот на Град Скопје: 7.000.000 денари да се префрлат во програмата за капитални расходи кон Заштита на животната средина и природа, каде што наместо само еден милион, буџетот да изнесува 8,000,000 денари. СДС, ДУИ, Левица и Арсовска ова го одбиваат.
Цели пет милиони денари се бараа, а Тачела коалицијата на Данела СДС ДУИ и Левица здружено одби да бидат префрлени во програмата за нови катни и монтажни паркинзи, за што во буџетот се предвидени НУЛА денари!
Почитувани ова се одбиените амандмани, со коишто се бараше префрлање на пари од непродуктивни трошоци во проекти ветени во програмата за модерно Скопје. Коалицијата СДС/ДУИ и Левица застана зад непродуктивните трошења на Данела Арсовска и против проекти со коишто ќе се подобри инфраструктурата во градот, застана против паркинзи, нови булевари и кружни текови, против помош за социјално ранливите групи на граѓани, застана против спортските капитални вложувања. Здружени застанаа зад непродуктивните трошења!
Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата „За модерно Скопје”. Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани.
На здравје новата коалиција и поддршка на СДС ДУИ и Левица за неспособноста на Данела Арсовска!