Стоилковски: Пред две години никој не зборуваше за гаранции, ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за Резолуцијата во американскиот Сенат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на предложената Резолуција во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат документи за поткрепа на многувековната македонската посебност.

„Дозволете ми да подвлечам дека пред две години никој не зборуваше за гаранции за македонската многувековна историска и културна посебност, и ова прашање и реакција се случува благодарение на ВМРО-ДПМНЕ која што го отвори и наметна прашањето во јавниот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ даваме безрезервна поддршка на оваа Резолуција. Значајно е тоа што стратешките партнери имаат разбирање за македонскиот народ и нивната посебност и многу е важно ова прашање да добие што поширока поддршка, односно да ги поттикне и другите држави и европските институции да донесат документи преку своите институции во поткрепа на многувековната македонска посебност, историја, јазик и култура, односно со еден збор македонскиот идентитет“, нагласи Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ