Стоилковски: За случувањата во судството и во обвинителството, директно е виновна Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС

„За состојбите во судството и во обвинителството директно виновна е Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС. Мафијата на власт си најде чираци во судството и во обвинителството за да им се амнестира криминалот. Шест години велеа дека ќе направат реформи и реизбори, дека ќе правеле поинакво судство. А, денес креваат раце од сето тоа“, нагласи потрпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,  одговарајќи на прашањето за утрешниот обид за избор на престедател на судскиот совет.
Стоилковски посочи дека раководството во судствата и обвинителствата се нивни, односно на ДУИ и на СДС.
„Ова што се случува е вандализам, багабондство и процес кој што не само што ја срами Македонија туку е процес кој нанесува трајни штети и последици пред меѓународни партнери. Партиски кланови се борат кој да биде претседател, па кој потоа да биде избран за судија, тоа е едно девалвирање, вандализам и багабонтство на отворена сцена пред македонската и меѓународната јавност. Ова дури и на држави со авторитарни апсолутистички режими не им е пракса. И затоа велиме што побрзо избори, за вакви сцени да не гледаме се повеќе и повеќе“, порача тој.