Стоилковски: Заев мора да одговара за „Рекет“!

Кога Заев ќе одговара за „Рекет“? Сите докази укажуваат дека тој е главата! До кога Македонија ќе биде заложник на Зоран Заев и на неговите пулени Јовевски и Рускоска?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Зоран Заев и негова вмешаност во „Рекет“, но и во други криминогености, рекетирања, подмитувања, уценувања, се нагласени среде судница, а во врска со најголемото криминално рекетарско урнисување на правдата во Република Македонија. Ама Зоран Заев останува недопирлив за обвинителството.

Тоа може да значи само едно: Дека урнисувањето продолжува, трговијата со правдата уште трае, Заев комплетно го контролира судско обвинителскиот систем во Република Македонија. Ова веќе не е ниту хибриден, ова е чист авторитарен режим, чисто диктаторство! Диктаторство од криминоген ум три пати амнестиран, три пати ослободуван“, вели Стоилковски.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев знаел за доказите, го повикувал со СМС, сега првообвинетиот, на споредување на доказите, на соочување на доказите.

„Јасен показател дека не само што знаел, туку и управувал со доказите, знаел за дејствата, а и сега управува со истрагата и процесот кој што е на крај, а ниту парите ниту торбата ја нема! И управува со Јовевски и Русковска телефоните да не бидат вештачени. Ниту неговиот, ниту на првообвинетиот! Внимавајте, парите ги нема, а на првообвинетиот телефонот не се вештачи. Зошто, заради можноста од внатре да не излезат пораките од Зоран Заев и докази за негово управување со „Рекет“?

Нема вештачење затоа што тоа би покажало дека Зоран Заев знаел за се, дека управувал со акциите, дека ги има и доказите пред процесот, дека компромитирал докази, додавал, вадел, монтирал? Дека Заев е зад акцијата, ама и зад процесот на ЈО и Судот.

Ова е срамно. Ова е најцрно шурување со криминалот какво што Македонија не памети. Јавните обвинители работат спротивно на функцијата, злоупотребуваат позиција, по политички диктат, во заштита на криминал!

Ние не правиме компромис со криминалот, имаме доблесност и се водиме по морален кодекс. Македонскиот народ не сака компромис со криминалот. А, со Зоран Заев и СДСМ го добивме тоа, криминал, сиромаштија, срам!

Уште еднаш го повикуваме ЈО да излезе од пупката на Зоран Заев и да отвори сериозен процес, предмет по наводите искажани во судница за процесот „Рекет“. Се друго значи комплетно девастиран правен систем од ЈО, од Јовевски и од Рускоска“, потенцира Стоилковски.