
Двајцата се вратија на тренинзите на првиот тим откако им истече казната (двонеделна суспензија и парична казна).
Тие го пропуштија дуелот со Рајн Некар Ловен на гости од ЛШ, како и два дуела од СЕХА лигата.
Вардар најверојатно нема да биде комплетен и на следниот дуел во сабота со Кристијанштат особено што неизвесен е настапот на Игор Карачиќ, кој имаше операција на хематом на тестисите на почетокот на месецов, а отсутен ќе биде и Александар Дереван.