Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска упати јавна порака до Павле Богоевски, активист од Шарената револуција во која посочува дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да даде поддршка на СДСМ само со единствена цел за државата да не се чепка. Во спротивно доколку се прифати Тиранската платформа, нема сила која што ќе го запре народот.
-Павле ти и твојата дружина „Шарени платеници“, одработувачи за странски интереси не можете да сфатите што е љубов кон сопствената држава, бидејки вие знаете само за љубовта кон парите. Никогаш не го потценувајте народот, зошто тој е трпелив, но неговото трпение има граници. Таа граница сте на пат да ја поминете. Знаеме дека толку е голема желбата за власт во вас што сте спремни се да продадете, само да ја задоволите вашата потреба за власт. Претседателот Никола Груевски ја даде понудата ако сте толку жедни за власт, ќе ве подржиме само државата не смее да се чепка. Иако не сте добиле на избори, иако вашата економска програма за државата е полоша, ќе ве поддржиме во интерес на Македонија.
Павле ако оваа понуда не ја прифатите, Вие ќе бидете виновни за раскрчмувањето на Македонија. Македонија која сме ја добиле со многу крв и жртви. Ако ја прифатите Тиранската платформа и ја продадете државата, верувај нема сила што ќе го запре народот ! Зошто пак ќе речам народот е трпелив, но неговото трпение има граници ! Немојте да ја поминете, напиша на Фејсбук Бојан Стојаноски.
Додаде дека кога обичниот народ ќе се слее низ улиците тоа нема да бидат „шарени револуционери-платеници“ туку тоа ќе бидат вистинските Македонци!