Медиумите објавија, а вицепремиетот за економски прашања во владата на СДСМ, Кочо Анѓушев молчи, колку фирми во странство крие и колку е нивната заработка, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста прашува. Која е милионската сума која што ја крие газда Кочо Анѓушев? Дали тие фирми учествуваат на домашни тендери и на тој начин се испумпуваат пари кон странски фирми? Дали има фирми во оф шор зоните, каде не може да се провери потеклото и најчесто се синоним за перење на пари? Дали оваа шема со фирми на Анѓушев е смислено сценарио за перење на пари? Јавноста очекува одговори. Кога е во прашање милионерот Анѓушев законите немаат никакво значење и не важат. За ова одговорност мора да има и ќе има. Граѓаните ќе го казнат ова расипништво. Граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе стават крај на ова безредие и беззаконие. Граѓаните ќе го казнат СДС, Зоран Заев и газда Кочо Анѓушев“, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.