Стојановски: МТВ сакаше да прави пренос од натпреварот Работнички – Рубин, клубот не дозволи

Македонската публика немаше прилика пред малите екрани да го следи Работнички

Како што објави на својот Фејсбук профил, одговорниот уредник на спортската програма, Тони Стојановски, до пренос на дуелите на Работнички не дошло, само затоа што тимот не сакал и не дозволил тоа да се случи.

Уште едно едноставно објаснување, МТВ сакаше да прави пренос од натпреварот РаботничкиРубин. Побаравме, а не добивме понуда. Со други зборови, Работнички не сакаше и не дозволи. Нема никаква позадина од наша страна. Нема ни лутење. Тие можат да одберат да не бидат емитувани во Македонија. Во групната фаза ќе биде поинаку, во неа МТВ е играч, напиша Стојановски.

Одговорниот уредник за спортската програма во МТВ одговори на нападите од јавноста преку Фејсбук
Одговорниот уредник за спортската програма во МТВ преку Фејсбук одговори на нападите од јавноста