Стокхолм го преполови бројот дозволени електрични тротинети на улиците

Градските власти на шведската престолнина Стокхолм го преполовија бројот на дозволените електрични тротинети на своите улици, што претставува најнов удар за овој популарен но и контроверзен облик на градски сообраќај.

Градскиот совет изгласа ограничување на бројот на дозволените тротитени на 12.000 од сегашните 23.000 и го намали бројот на овластените компании за изнајмување на скутерите од осум на три. Ограничувањето на сила стапува 1-ви јануари, а Стокхолм следните седмици ќе објави на кои компании ќе им биде дозволено да ги задржат дозволите за изнајмување, соопштено е по гласањето.

Користењето на електричните тротинети експлодираше изминатите години во најголемите градови во светот, но се појавија и многу контроверзии околу нивната употреба во згуснатиот градски сообраќај. Приврзаниците сметаат дека таквите тротинети се соодветна форма на превоз, додека критичаритет тврдат дека ги зголемуваат мешаниците на улиците и дека се опасни и за самите управувачи и за пешаците при големи брзини.

Неколку светски престолнини веќе воведоа ограничување за нивното користење. Дански Копенхаген целосно ги забрани уште во октомври 2020 година, а повторни ги дозволи една година подоцна но со стро ги правила со кои се ограничува нивното паркирање и употребата.

Норвешки Осло во јули годинава го намали бројот на дозволените електрични тротинети од 20.000 на 8.000 и забрани да бидат возени меѓу 23 и 5 часот. Француски Париз воведе ограничување на 20 километри на час на коловозите. Сингапур го забрани возењето на електричните тротинети на пешачките патеки, како што е и во Германија и во Франција.