Во летниот преоден рок кој следи во редовите на Реал Мадрид ќе има промени во играчкиот кадар, а според последните информации едно од можните засилувања за „кралевите“ е македонскиот фудбалски репрезентативен голман, Столе Димитриевски.
Андреј Лунин, 24-годишниот украински голман не сака повеќе да биде резерва на Тибо Куртоа и како што стојат работите нема да го продолжи договорот.Договорот на македонскиот голман со Рајо Ваљекано истекува следното лето и тоа значи дека Реал не би платил премногу.