Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави синоќа дека договорот за прекин на судирите во Сирија првично се почитува, наведувајќи дека и понатаму е загрижен поради зголеменото руско воено присуство во земјата, пренесува МИА.
Загрижени сме поради значителното зголемување на руската војска која ја гледаме во Сирија, од копнени сили, силите од морнарицата во Медитеранот и воздухопловните сили кои изведуваат воздушни напади на чија мета до сега најчесто се наоѓаа позициите на ИД, но и други опозициски групи, нагласи Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО, за време на посетата во Кувајт, објасни дека „не постојат планови НАТО да обезбеди копнени сили за воени операции во Сирија“.