Столтенберг: Дронот кој падна врз Загреб беше невооружен

Досегашните индиции укаживаат на тоа дека беспилотното летало коешто минатата седмица падна врз хрватската престолнина Загреб не бил вооружен и оти не станувало збор за вооружен напад, изјави во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Според сознанијата коишто ги имаме, не станува збор за намерен напад, но и вакви случаи се опасно па го зголемивме надгледувањето“, изјави Столтенберг на прашањето за падот на дронот крај Загреб.

Беспилотното летало од моделот „Ту-141 Стриж“ од советско производство во четвртокот ноќта по 23 часот се урна во загрепската населба Јарун во близина на студентскиот кампус. Во хрватскиот воздушен простор минал седум минута, а навлегол преку Унгарија каде, пак, долетарл од Романија и во двете земји минал во воздух по околу половина час, а сите три држави се членки на НАТО. Утврдено е само дека долетало од правец на Украина, но досега не се соопштува во чиј посед било.

Столтенберг истакна дека истрагата сѐ уште не е завршена и дека утврдуваат фактите, но додаде дека „индициите кои моментално ги поседуваме не одат во прилог на тоа дека дронот бил вооружен, туку дека бил извидувачки“.

„И кога му снемало гориво се урнал во областа на Загреб“, додаде челникот на НАТО без појаснување за потеклото на леталото и особено за отсуството на реакции од противвоздушните одбрани и радарските системи за предупредување на трите земји членки.

Столтенберг, исто така, додадде дека Хрватска, Унгарија и Русија допрва треба да ги разменат сите податоцои за овој инцидент и потесно да соработуваат.