Генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат истакува во септември годинава, ќе го продолжи својот мандат за уште една година поради војната во Украина, објави во четвртокот норвешката телевизија TV2 повикувајќи се на свои извори.
„TV2 дознава дека мандатот на Столтенберг, како челник на НАТО ќе биде продолжен за уште една година“, се истакнува во прилогот на телевизијата.
Притоа телевизијата се повикува на норвешкиот премиер Јонас Гара Шторе, кој потврдува дека Норвешка ќе ја поддржи одлуката за продолжување на мандатот на Столтенберг доколку такво решение донесе Алијансата.
„Гледаме дека сојузниците во Алијансата се задоволни од работата на Столтенберг како генерален секретар. Норвешка го дели таквото мислење“, го цитира телевизијата премиерот Шторе.
Додал дека на оваа тема веќе разговарал со Столтенберг и смета дека нема да има поголеми проблеми за продолжувањето на мандатот на генералниот секретар на НАТО.
Мандатот на Столтенберг истекува на 1-октомври, а би требало да ја преземе должноста на гувернер на централната банка на Норвешка, потсетува дневниот весник Dagens Naeringsliv, кој исто така во четвртокот објави дека тој уште една година ќе остане на чело на НАТО:
На прашањето во средата дали ќе остане челник на НАТО, Столтенберг рече дека таквата одлука треба да ја донесат земјите членки.
Столтенберг, кој потекнува од влијателно фабрикантско семејство, е економист по образование и поранешен претседател на норвешката Лабуристичка партија, и беше норвештки премиер од 2000 до 2001 и од 2005 до 2013 година. Следната година стана генерален секретат на НАТО, а претходно беше и на позициите норвешки министер за финансии и за енергетика.
Норвешката влада на почетокот од февруари ја именуваше заменичката на директорот на централната банка Ида Воденм Бахе за гувернерка на Norges Banke на период од девет месеци, а Јенс Столтенберг би требало да ја преземе челната позиција до крајот на 2022 година а министерството за финансии истакна дека тој е најквалификуваниот кандидат за таа позиција. Сепак, од различни извори уште тогаш се појавија информации дека го убедуваат Столтенберг да остане на неговата сегашна функција во НАТО.
Гувернерот на норвешката централна банка е задолжен за одредување на каматните стапки и управување со финансиската стабилност на земјата, како и зад надзор над норвешкиот државен фон, најголемиот на свеот со имот од 1,4 билиони американски долари.