Столтенберг ги осуди „ужасните и неселективни“ руски напади во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди „ужасните и неселективни“ ракетни напади на Русија врз цивилни мети во Украина.

Столтенберг информираше дека разговарал со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и ветил континуирана поддршка на НАТО за Украина против руската агресија, „колку и да биде потребно“.

Украинската полиција соопшти дека во рускиот координиран ракетен напад врз неколку украински региони, вклучително и градовите Киев, Лавов и Харков загинаа најмалку десет луѓе загинаа, а повредени се приближно 60 лица.