Столтенберг ги отфрли француските критики за НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги отфрли француските критики дека НАТО е во „состојба на мозочна смрт“, истакнувајќи дека таа организација се прилагодува на модерните предизвици.

– НАТО е агилно, НАТО е активно, НАТО се прилагодува, изјави Столтенберг пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и другите шефови на држави од НАТО во луксузно одморалиште близу Лондон.

Столтенберг посочи дека европските сојузници и Канада додадле 130 милијарди долари на своите трошоци за одбраната од 2016 година. Според него тоа е одлука која е без преседан и која ја прави Алијансата посилна.

Францускиот претседател Емануел макрон изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“, образложувајќи го тоа со намаленото американско ангажирање и однесувањето на Турција.