Столтенберг го повикува НАТО да ја сочува поддршката за Украина

Генералниот секретар во заминување на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика челниците на трансатлантската безбедносна алијанса да ја задржат поддршката за Украина во нејзината војна против руската инвазија, велејќи дека исходот од тој конфликт ќе ја обликува глобалната безбедност со децении.

На почетокот на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, Столтенберг рече дека алијансата мора да ја покаже истата решителност што ја покажала во другите клучни моменти од својата историја.

„Нема бесплатни опции со агресивната Русија како сосед. Во војна нема опции без ризик“, рече Норвежанецот додавајќи дека најголемата цена и најголемиот ризик ќе биде доколку Русија победи во војната во Украина.

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, предупреди уште еднаш Столтенберг