Столтенберг: НАТО ќе ја покани Украина во членство кога за тоа ќе бидат исполнети условите

Doorstep statement by NATO Secretary General Jens Stoltenberg ahead of the 2023 NATO Summit in Vilnius

Челниците на земјите членки на НАТО се согласија на состанокот во литванската престолнина Вилнус дека ќе ја поканат Украина да му се придружи на Северноатлантскиот воен сојуз „кога за тоа ќе бидат испполнети условите“, изјави во вторникот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг одговарајќи му на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Јасно кажавме дека ќе ја повикаме Украина да му се придружи на НАТО кога сојузниците во тој поглед ќе се усогласат и кога ќе се исполнат условите. Никогаш немаше посилна порака на НАТО во кој и да е момент, ои кога станува збор за политичката порака за патот кон членството, и за конкретната поддршка на НАТО сојузниците“, рече Столтенберг на прес-конференција во Вилнус.

„Првпат го употребивме зборот – покана“, истакна Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за незадоволството што неколку часа претходно го изрази украинскиот претедател Зеленски поради ставот на НАТО.

„Тоа е без преседан и апсурдно доколку временската рамка не е поставена ниту за поканата (за придружување во НАТО), ниту за членство. Истовремено се даваат нејасни формилации за ‘условите’, дури и за поканување на Украина“, напиша претходно Зеленски во жестока објава на Telegram.

Столтенберг рече и дека сојузниците се обврзале дека секоја година ќе издвојуваат „намалку 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за вените трошоци“.

„Единаесет земји сојузници досега ја достигнаа или надминаа оваа бројка. Очекуваме дека таа значително ќе се зголеми следната година“, рече Столтенберг но сепак оваа бројка земји членки на сојузот кој по влезот на Финска во март обединува 31 земја и е речиси непроменета веќе неколку години.