Столтенберг: НАТО не гледа противник во Кина

НАТО не гледа противник во Кина, но мора да биде подготвен да ги исполни своите предизвици.

Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на видео конференција за иднината на НАТО, организирана од Атланскиот совет и германскиот Маршалов фонд.

„НАТО не гледа нов непријател или противник во Кина. Сепак, гледаме дека растот (влијанието) на Кина ја менува глобалната рамнотежа на моќ“, рече тој.

„Лидерите на НАТО за време на нивниот состанок во декември во Лондон за прв пат во историјата на алијансата се согласија дека НАТО ќе треба да одговори на безбедносните импликации на растот (влијанието) на Кина“.