Столтенберг: НАТО планира постојана воена приситност на источните граници

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за британскиот дневен весник The Telegraph дека Алијансата работи на планови за постојано воено прусуство на „своите источни граници“, а во контекст со евентуална „руска агресија“.

НАТО е „среде темелна трансфорамција“ којашто ќе има „долгорочни последици по постапките“ на рускиот претседател Владимир Путин, вели Столтенберг.

„Сведоци сме на новата стварност, ‘новото нормално’ за европската безбедност. Поради тоа баравме од нашите воени команданти да прижат опции за она што го нарекуваме ‘ресетирање’, односно долгоролно прилагодување на НАТО“, вели Столтенберг.

Истакнува дека воените трупи коишто ќе бидат зајакнати во источноевропските земји членки треба да станат „полноправно средство за одвраќање“.

Столтенберг, кој поради ситуацијата во Украина веројатно го продолжува мандатот на чело на НАТО за една година, во разговорот открива дека одлуките за сето тоа ќе бидат донесени на самитот на сојузот кој во јуни ќе се одржи во Мадрид.