Односите меѓу Северноатлантскиот сојуз и Русија се на ниско ниво, ситуацијата е најтешка од крајот на идеолошката блоковска Студена војна од втората половина на минатиот век, но треба да се остави просор за разговори, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Мораме да разбереме дека односите меѓу Русија и НАТО на ниско ниво. Никогаш не било потешко од крајот на Студената војна“, изјави Столтенберг пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на државите членки на Алијансата.
Генералниот секретар додаде дека и покрај тешкотиите важно е да се задржат комуникациските канали со Русија.
„Цврсто веруваме дека, кога работите се тешки, кога сме соочени со предизвици во нашите односи како што сме сега, дури е уште поважно да се разговара и НАТО ќе продолжи да се зазема за конструктивен или смислен дијалог со Русија“, рече Столтенберг.
Русија во понеделникот соопшто дека ја суспендира работата на својата дипломатска мисија во седиштето на НАТО откако на осум нејзини службеници, односно на половината од персоналот, им беа укинати акредитациите под изговор дека се „непријавени руски разузнавачи“. Руската страна, исто така, рече дека ќе одговори реципрочно со укинувње на акредитациите на службениците од мисијата на Алијансата во Москва и ќе ја затвори.
Притоа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва „нема веќе да прави привид дека во блиска перспектива се можни какви и да се промени во меѓусебните односи“.
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во четвртокот учествиваат на дводневен состанок во Брисел, првиот со физичко присуство по февреуари 2020 година. Во изминатиот период состаноците беа одржувани виртуелно поради пандемијата на коронавирусот.
Министрите ќе разговараат за идните сојузнички напор во борбата против тероризмот по повлекувањето од Авганистан, и јакнењето на сојузничките капацитети за одвраќање и одбраната, во прв ред од заканите од Русија и Кина.
Столтенберг рече дека воената операција на НАТО во Авганистан, сепак, не била попуста.
„Ние во процесот на учење на лекциите од мисијата во Авганистан мораме да се насочиме на она што не било добри и на она што фунцкионирало. Секако дека е трагедија за авганистанскиот народ што талибаните се вратија, тешко ни е на сите нам кои толку години го поддржувавме Авганистан, но истовремено мораме да признаеме дека имавме значителни постигнувања“, изјави челникот на НАТО:
Столтенберг додаде дека Алијанската успеала во тоа Авганистан да не стане засолниште за меѓународните терористи.
Појасни дека НАТО сега е во процесто на трансформација и дека последните години го пренасочил своето внимание на колективната одбрана за заштита на својата територија.
„Министрите ќе договорат сеопфатен план за одбрана на евроатлантскиот простор, за да имаме вистински сили на вистинско место и во вистинско време“, рече Столтенберг.