Столтенберг останува на чело на НАТО уште извесно време

Норвенжанецот Јенс Столтенберг ќе остане на чело на Северноатлантскиот воен сојуз уште една година, откако пропаднале обидите да се пронајде негов наследник кој би ја добил поддршката од сите 31 земја членка на западната Алијанса, тврдат за германската новинска агенција DPA упатени извори.

Официјалната одлука за продолжување на договорт на Столтенберг веројатно ќе биде донесена следниот вторник на состанкот на постојаните претставници на државите членки во НАТО во Брисел, дознава агенцијата.

Столтенберг неколкупати во последните месеци изјавуваше дека не сака нов мандат. Но според нему блики извори, Норвежанецот сега сака да продолжи поради „чувството на одговорност“.

Германскиот весник Welt am Sonntag во февруари пишуваше дека мандатот на Столтенберг на чело на воено-политичкиот блок ќе биде продолжен за да се зачува стабилноста во време на војната во Украина, што веќе беше сторено трипати изминатата 2022 година.

Особено американските политичари повеќепати го фалеа 64-годишниот Столтенбер за неговото водсто на воениот блок од почетокот на руската инвазија во Украина. Столтенберг направи „неверојатна работа“, изјави кон средината на јуни американскиот претседател Џо Бајден.

Според тогашниот напис во Welt am Sonntag, земјите членки сакаат Столтенберг да претседава со организацијата по повод 75-годишнината којашто ќе биде одбележана во април 2024 година во Вашингтон. Беше наведено и дека Столтенберг ќе биде во позиција да конкурира за претседател на Светската банка кога, некако во исто време од таа позиција ќе отстапи Дејвид Малпас.

Сѐ уште нема назнаки кои би укажувале кој би го наследил Столтенберг, но според некои претпоставки во Европа пишува дека меѓу водечките кандидати се шпанскиот левичарски премиер Педро Санчез и британскиот конзервативен министер за одбрана Бен Волас.

Поранешниот италијански центристички премиер и претседател на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, и романскиот претседател Клаус Иоханис, исто така се споменуваат како кандидати за челното место на Северноатлантскиот воен сојуз.

Се смета дека Столтенберг, го стекнал признанието како вешт преговарал меѓу 31-та членки на НАТО кои значително се разликуваат во некои прашања. Особено се смета успешен во смирувањето на спорот за потрошувачката за одбрана кое државите членки на Алијансата треба да ја издвојуваат, а тоа прашање беше жешко во време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Столтенберг остана во продолжениот мандат за да ги координира акциите на НАТО во врска со војната во Украина и големото снабдување со оружје на Киев, а претходно ја водеше Алијансата во нејзиното геополитички зајакнување на истокот на Европа и поинтензивно и подиректно координирање со сојузниците на Пацификот,

Јенс Столтенберг сега е генералниот секретар на НАТО со вториот најдолг мандат, а од него подолго на позицијата беше само Јозеф Лунс од Холандија, кој должноста ја извршуваше од 1971 до 1984 година.

Одлуката, којашто се носи едногласно, за новиот генералниот секретар на Алијансата треба да ја донесе на самитот во Вилнус.

Ланскиот февруари, двесеттина дена пред почетокот на руската инвазија во Украина беше објавено дека Столтенберг, чиј мандат завршуваше во септември 2022 година, треба да застане на чело на Норвешката централна банка. Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка тогаш ја следеа контроверзии во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Сторе, колега од редовите на социјалдемократите.