Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на настан организиран од Центарот за анализа на европска политика, предупреди дека пандемијата на Ковид-19 се користи во обид да се ослаби Алијансата.

-НАТО е и ќе остане регионален сојуз, но ние ќе ја прошириме нашата работа со разни организации ширум светот во борбата против дезинформациите, тероризмот, епидемиите и заканите од вселената. Сојузот е силен, со висока подготвеност за акција, со големи инвестиции во одбраната. Предпандемиските воени закани не -исчезнаа – порача Столтенберг.

Тој побара НАТО да може да испраќа силни пораки и истакна дека пактот неодамна остро го осуди труењето на Алексеј Навални и ја повика Москва да го испита нападот, кој не е насочен само кон една личност, туку и кон основните права.

-Потребна е силна меѓународна реакција за овој случај – додаде генералниот секретар.

Столтенберг ја истакна растечката моќ на Кина бидејќи земјата станала лидер во технолошкиот развој и се најде на второто место во светот според воените трошоци.

Тој порача дека Пекинг не се двоумел да ги искористи овие предности за да изврши притисок врз други земји.