Столтенберг попладнево пристигнува со Скопје

Премиерот Ковачевски попладнево ќе го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според објавената агенда Столтенберг и Ковачевски ќе одржат заедничка прес конференција, а потоа генералниот секретар на НАТО ќе се обрати и во Собранието пред македонските пратеници

Утре Столтенберг во Скопје ќе биде домаќин на лидерите на земјите членки на НАТО од регионот. По завршувањето на состанокот Столтенберг ќе одржи заедничка прес конференција со македонскиот премиер и премиерите на Словенија, Црна Гора и Албанија и со хрватскиот претседател.

Генералниот секретар на НАТО утрово во Србија се сретна со српскиот претседател Вучиќ од каде изрази очекување Србија и Косово да се воздржат од ескалација на состојбите на северот на Косово, потенцирајќи дека КФОР, воената мисија на НАТО го спроведува својот мандат за да обезбеди мирна средина.