Столтенберг предупреди на растечкото технолошко лидерство на Кина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, смета дека Кина брзо станува еден од технолошките лидери во светот, а инвестициите на Пекинг во сопствените воени способности претставуваат предизвик со кој треба да се соочува.

„Зголемената улога и влијание на Кина е уште еден сигнал за зголемената глобална конкуренција. Кина брзо станува еден од технолошките лидери во многу области“, изјави Столтенберг во предавањето пред студентите на Нов Зеланд, каде што престојува во работна посета, а кое го пренесуваше службата за односи со јавноста на НАТО.

Според генералниот секретар на Алијансата, „економскиот раст на Кина претставува колема економска можност за сите земји“. Столтенберг истакна дека европските земји тргуваат со Кина, таношните компании соработуваат со оваа земја, но и оти „растот на Кина не претставува само можност, туку и предизвик“.

„Тоа го видовме во Јужното Кинеско Море, во сајберпросторот, во кинеските инвестиции во критичната инфраструктура во низа земји, вклучително и во Европа. Треба подобро да ги сфатиме можностите и предизвиците што ги претставвуа кинескиот раст“, рече Столтенберг.

Истакна, исто така, дека Кина „инвестира во нови современи воени средства“. „Ние мораме да најдеме начин да одговориме на ова“, рече Столтенберг истакнувајќи дека смета оти е можно да се „суштествува во мир“.