![Јенс Столтенберг](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/ens-Stoltenberg.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека пристапот на Украина во западната воена алијанса нема да се случи додека трае војната, но дека патот за членство е таму за во иднина.
Столтенберг на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави во Брисел рече: „Сите се согласуваме дека Украина ќе стане членка на алијансата“.
Но, тој додаде: „Да се стане членка среде војна не е на дневен ред“. Столтенберг рече дека рускиот претседател Владимир Путин направил „две големи стратешки грешки“ – потценување на „храброста“ и „решителноста“ на Украинците и потценување на сојузниците и партнерите во НАТО.