Столтенберг: Путин ги потцени украинските сили НАТО, но пактот нема да се инволвира поради преголемиот ризик

Рускиот претседател Владимир Путин ја потцени силата на украинските вооружени сили и единството на НАТО, но сѐ уште е прерано да се шпекулира за исјодот на војната, тврдеше во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Претседателот Путин целосно ги потцени украинските вооружени сили“, тврдеше Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

На прашањето дали Русија може да ја добие војната со Украина, Столтенберг одговори дека за тоа е прерано да се зборува, истакнувајќи дека украинската војска пружила „силен отпор“, но дека Русија „и натаму е силна“.

„Прерано е да се зборува за исходот од војната“, рече Столтенберг и одаде дека Путин, исто така, го потценил НАТО.

„Неговата цел беше да го подели НАТО, а доби единствено НАТО. Сакаше да го намали НАТО на своите граници, а доби повеќе НАТО“, рече Столтенберг.

Во врска со барањето од вторникот на Полска НАТО да испрати „мировна мисија“ во Украина која би ја штитиле вооружени сили на Алијасната, Столтенберг рече дека сепак не се планира испраќање војници во зоната на конфликтот.

„Ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од Украина, но немаме планови за испраќање сили на НАТО таму“, рече Столтенберг.

НАТО нема да испраќа своја војска во Украина, и нема да воведе забрана за летање над Украина, поради преголемиот ризик од масовен конфликт со Русија, но ќе продолжи да ја поддржува Украина со сите други расположливи средства, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е главниот заклучок од денешниот вонреден министерски состанок на земјите членки на НАТО во Брисел денеска, една недела пред нов вонреден лидерски самит.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја повика Русија да се повлече од Украина веднаш и повтори дека 30-те земји сојузнички ќе продолжат на сите можни начини да и помагаат на украинската држава во оваа војна. Тоа значи испорака на оружје и зајакнување на военото присуство во источниот дел од Северноатлантската алијанса, како предупредување до Кремљ и дека доколку Русија нападне и педа од НАТО територијата, целата Алијанса ќе возврати колективно.

Со оглед на тоа дека Украина не е земја членка на НАТО, НАТО нема да се инволвира подлабоко во овој конфликт.

„Имаме одговорност да се осигуриме дека овој конфликт нема да ескалира надвор од Украина, ги гледаме смртта и деструкцијата, но ова може да стане уште полошо ако НАТО преземе акција и се претвори во целосна војна помеѓу НАТО и Русија. Сојузниците се обединети во нивната поддршка за Украина, тие ја засилија оваа порака“, изјави Јенс Столтенберг.

Присуството на НАТО редовно ќе се засилува на истокот. Веќе сега сто илјади американски трупи се наоѓаат во Европа, а 40 илјади на истокот под директна команда на НАТО, а трупите се со висока подготвеност и дополнително ќе се зајакнуваат на копно, море и воздух, како и во делот на сајбер одбраната. Столтенберг повика сите 30 земји членки да постигнат најмалку два отсто од нивниот домашен бруто производ за одбраната и ги поздрави иницијативите на Германија и Данска да го зголемат нивниот воен буџет побргу од планираното.

„Москва не смее да има сомнеж дека НАТО нема да толерира никаков напад врз територијата и интегритетот на нејзините членки“, предупреди шефот на Алијансата.

Генералниот секретар исто така оцени дека силната поддршка на Алијансата е од помош за Украина во преговорите со Русија.

„Ја повикуваме Русија да се ангажира искрено во преговорите, НАТО не е дел од нив, и важно е да не се шпекулира, мојата порака е дека е очигледно дека она што Украина може да го постигне е поврзано со ситуацијата на војното поле“, рече шефот на НАТО, додавајќи дека причината поради која украинските сили се храбри способни да застанат против руската инвазија е исто така поврзано за поддршката што ја добиваат од НАТО членките.

Генералниот секретар Столтенберг додаде дека министрите за одбрана ги задилжиле своите воени команданти да подготват планови за јакнење на силите на источното круло на НАТО. Ја предупреди Русија дека НАТО нема да дозволи каков и да е нпада на својата територија и дека околу тоа нема двоумење.