Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на втората годишнина од руската инвазија во соседната земја, изрази уверување дека иднината на Украина лежи во западниот одбранбен сојуз.
Москва ја започна оваа војна со цел „да ја затвори вратата на НАТО за Украина, ускратувајќи ѝ го правото да го избере својот пат“, рече Јенс Столтенберг во видео пораката објавена во саботата.
„Но, се случува токму спротивното: Украина е поблиску до НАТО од кога и да е. Украина ќе влезе во НАТО. Не е прашање дали, туку кога“, рече Столтенберг.
Руските сили започнаа инвазија во оседната земја во раните утрински часови на 24-ти февруари 2022 година.
„Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина. За вашата и нашата безбедност“, рече Столтенберг.
Ја опиша ситуацијата на линијата на фронтот како „исклучително сериозна“ и рече дека „нема индикации“ дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за мир.
„Но, не смееме да губиме надеж. Украина постојано ги покажа своите извонредни способности и жестока решителност. Вие вративте половина од територијата што Русија ја зеде. Ја избрка Русија од големи делови на Црното Море“, рече Столтенберг фалејќи ги украинските сили.
Рече дека земјите од НАТО досега му обезбедиле на Киев помош од милијарди долари, вклучувајќи „артилериска муниција, противвоздушна одбрана и вооружени бродови… F-16, опрема и резервни делови, беспилотни летала и опрема за деминирање“.
„На пат е поголема поддршка“, вети Столтенберг.