Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави во петокот најавата за нови испораки на оружја за Украина и рече дека дискусиите за испраќање на германските тенкови ќе продолжат.
Столтенберг на маргините на конференцијата за воената поддршка на Украина во војната против Русија во американската воздухопловна база близу западниот германски град Рамштајн, изјави дека очекува натамошен развој во дискусијата за можно испраќање на германските тенкови „Leopard 2“ за Украина.
„Факт е дека Украина сега се снабдува со стотици нови оклопни борбени возила, борбени возила за пешадијата и со тенкови, многу ѝ значи. Поддршката нема на Украинците само да им овозможи да се бранат од новите руски офанзиви, туку и да преземаат сопствени офанзиви за да ја врати контролата над својата територија“, рече Столтенберг.
На прашањето дали Германија ѝ штети на Европската унија со тоа што досега не испрати тенкови „Leopard 2“ на Украина, Столтенебрг одговори дека „дискусиите ќе продолжат“.
Додаде дека од почетокот на војната постојано се менува видот поддршка којашто ја даваат сојузничките земји. Генералниот секретар на НАТО, исто така, рече дека Германија е една од сојузничките кои ѝ пружаат најмногу поддршка на Украина.
„Артилерија, муниција, систем за противвоздушна одбрана и сега, исто така, пешадиски возила Marder… Германија навистина предводи во поддршката за Украина во многу, многу области“, истакна Столтенберг.
Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер во петокот рече дека каква и да е одлука на Украина да ѝ се испратат тенкови мора да ја донесе секоја држава поединечно.
„Тоа е суверена одлука на суверена држава, што Германија е. Важно е Украина да победи во оваа војна. Мораме сериозно да согледаме што ѝ е потребно на Украина и да им дадеме што бараат, ако е можно“, рече Бауер на прес-конференцијата во португалската престолнина Лисабон, додавајќи дека тоа „мора да се стори правовремено“.