Македонското Здружение на Стоматолози Специјалисти утре во 11 часот ќе протестира пред Министерството за здравство.
„Би сакале да ве известиме дека на 6 декември, во 11 часот, Стоматолозите специјалисти од целата држава со поддршка на Стоматолошката комора на Македонија, ќе го изразат своето незадоволство со масовен собир пред Министерството за здравство. Многу години се обидувавме да се слушне нашиот глас и да најдеме заедничко решение за проблемите со кои се соочуваме и за штетноста на договорите со ФЗО, но за жал не добивме никаков одговор. Затоа сме приморани на друг начин да го изразиме нашето незадоволство’, стои во нивното соопштение.