Стопанската комора основа друштво за трговија и услуги, кое ќе ги снабдува со стурја компаниите доколку другите снабувачи не успеат по поволна цена да обезбедат струја. Ова е резултат на организационото преструктурирање на Комората кое има за цел инфраструктурата да се стави во функција на членките во многу брз период и да им помогне на компаниите-членки да имаат сигурност при набавката на електрична енергија во услови на криза и да придонесе за отстранување на високите маржи.
Друштвото за трговија и услуги ККУ Глобал ДООЕЛ кое го регистрира комората доби и лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.
Стопанската комора информира дека ја заокружи законската рамка за регистрирање и ставање во функција на компанија за снабдување и трговија со електрична енергија.
– Управниот одбор на Стопанската комора одлучи друштвото за трговија и услуги ККУ Глобал ДООЕЛ Скопје да не се активира додека не дојде во состојба во која државните компании не ќе бидат во можност да ги извршуваат обврските или снабдувачите да ги опслужуваат нашите членки – велат од Комората.