![samit-makedonija-2025-komora](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/samit-makedonija-2025-komora.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Целта е со заеднички активности на Комората и организацијата „Македонија 2025“, домашните компании да може да остваруваат подобри перформанси, што ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и за развој на македонското општество.
Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемени извозно-увозни активности; организација на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а таргетираат различни целни групи; трансфер на знаење преку различни форми на едукација; организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти и заемна размена на информации за резултатите од истражувањето.
Претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставров, изрази благодарност за соработката со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на поддршка во иновативни процеси со цел поттикнување на извозните активности на компаниите.
Потпретседателот на Стопанската комора д-р Јелисавета Геориева-Јовевска, во поздравното обраќање пред присутните истакнати бизнисмени и претставници на научната и стручната јавност, посочи дека „Македонија 2025“ во Комората треба да гледа сериозен партнер и заеднички да работат на подигнување на капацитетот на извозно ориентираните компании, на потребната инфраструктура и активно вклучување на бизнисот во реформата на образовниот процес во државата.
Во рамки на заедничката активност на Комората и „Македонија 2025“, беше реализирана и Дебата на тема „Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и економската интеграција на Западниот Балкан“. Обраќајќи се пред присутните, претседателот Азески истакна дека КИФ претставува најзначајна алатка произлезена од Берлинскиот процес и воедно е еден од последните европски проекти кој е функционален, со седиште во Трст, со Управен одбор составен од претседателите на 6-те Комори од Западен Балкан. Значењето на КИФ Азески го гледа во воспоставување заеднички регионлани институции на различни нивоа кои ќе го направат регионот единствена економска област.
За таа цел следната година Комората и „Македонија 2025“ ќе работат на зацврстување на соработката со цел унапредување на врските помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора со фокус на три главни точки: поддршка во спроведување на процесите на дигитална трансформација, која ќе претставува и еден вид заокружување на процесот на реиндустријализација. Анализите покажуваат дека 10% раст на индексот на дигитализација значи 0,63% раст на БДП, пристап до финансии за проекти од прекуграничен карактер, што би можело да се операционализира на начин што „Македонија 2025“ со КИФ ќе креира инвестициони фондови достапни за конзорциуми на компании од регионот. „Македонија 2025“ во соработка со КИФ да креира едукативни програми за лидерство, наменети за лидерите од регионот на Западен Балкан, како реална потреба да се одговори на современите предизвици за менаџирање, имајќи ги предвид сите надворешни и внатрешни ризици кои стојат како препреки за успешно решавање на сите нерешени прашања кои долги години го мачат бизнисот од Западен Балкан, а се поврзани со истите проблеми и состојби.
Денешните активности помеѓи Комората и „Македонија 2025“ се во пресрет на утрешниот 8-ми Самит Македонија 2025.