Пенкалото ги препознава сите јазици и ракописи поради што може секој да го користи, а текстот, трансформиран од напишан на хартија во електронски, веднаш е погоден за преработка, доработка, зачувување или препраќање преку УСБ.
– Иновативното дигитално пенкало е производ на англиската компанија „Onorach”, дизајнирано за високо регулираните барањата на ГМП. Претставува безбедна електронска форма за внес на податоци со која корисниците можат да ги напишат податоците и во е-форма веднаш да ги испратат на сите можни јазици и ракописи он-лајн, преку таблет, блутут или друг мобилен уред со ви-фи. „EncryptiDATA” е посебно погодно за комапниите кои, наместо рачно да ги пишуваат и пополнуваат документите и формуларите, ќе можат веднаш да ги внесат во компјутер, точно и без грешка, без некој повторно, дополнително ги внесува, велат од Комората.
„EncryptiDATA” веќе почнува масовно да се користи од компаниите и институциите во светот.
Видео презентацијата за тоа како функционира пенкалото, може да се види на линкот во продолжение.