Во организација на Општина Илинден, на 16.10.2014 година (четврток) со почеток во 9:30 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи средба на 15-на стопанственици од Унгарија и претставници на бизнис заедницата од Општина Илинден. На средбата на која ќе учествуваат и претставници на Унгарската национална трговска комора, на присутните ќе им се обратат и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, како и домаќинот на овој бизнис форум, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
Стопанствениците ќе ја искористат средбата за меѓусебно запознавање, размена на информации и искуства со цел остварување на бизнис соработка. На Форумот ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Општина Илинден, која што последниве години е вистинска бизнис дестинација како за домашните, така и за странските инвеститори. Стопанствениците од Унгарија ќе можат да се запознаат со поволностите што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, пред се ниските цени на градежното земјиште и малите давачки.
Ова е дел од стратегијата на Општина Илинден за привлекување на што поголем број компании што би инвестирале на нејзина територија, со единствена цел отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општината и во регионот.
Општина Илинден
Одделение за поддршка на Градоначалникот