Стопанството со нетрпение ги очекува парите од унгарскиот заем

Стопанството гледа оптимистички на состанокот во недела помеѓу државата и банките на кој треба да се договорат условите како ќе бидат префрлани парите од заемот од Унгарија наменети за бизнисот. Претседателот на најголемата комора во Македонија апелира дека мора што поскоро да се најде заеднички јазик за бизнисот да почне да ги користи 250-те милиони евра. Азески не добил покана за состанокот оти Банкарската асоцијација не е дел од Стопанската комора, но верува дека Владата и банките имаат капацитет да најдат решение кое ќе биде во корист на бизнисот.

Крајно време е да се разреши тоа прашање, и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надевам дека ќе биде во интерес на бизнисот и дека на овој начин ќе се преброди тој период до следната година кога треба да плаќаме за еврообврзницата, вели Бранко Азески – претседател на Стопанска комора

Азески не е изненаден за тоа што банките преговараат за каматата, оти е нормално секој да го брани својот интерес. Според него, банките со намалување на редовните каматни стапки и државата со овој чекор за финансирање на бизнисот ќе придонесат да се зголемат инвестициските активности и да се надмине, како што вели, срамниот економски раст од 1.8 отсто и да се движи околу 3-4 отсто

Провизијата ќе бидит то во рамките на очекувањата на бизнисот, бизнисот има потреба од свежи пари/ Јас соработувам со едните и другите и тврдам дека во делот на банките и бизнисот, си има најпрофесионална структура. Владата има голема одговорност на почеток на мандатот да направи добар потег. Мислам дека бизнисот овојпат ќе ќари Ние сме тие што треба да ги искористиме средствата на најадекватен начин – и понатаму извозот да остане приоритет број, додава Азески.

Министерката за финансии веќе информираше дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите, но деталите ќе бидат договорени на состанокот во недела кој ќе се случи на барање на Владата.

Целта на Владата е каматната стапка за кредитот за бизнисот да биде по таа која државата го зеде од Унгарија 3,25 проценти, односно во оваа стапка да влезат и еднократните провизии и останатите услови на банките. Инаку половина од заемот од Унгарија е наменет за општините, односно за реализација на капитални инвестиции , а договорите се во фаза на потпишување.