Се гради нов стопански објект во Илинден

На пригодна свеченост, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, компанијата „Елмед“ по 24 годишно постоење, на површина од 600 метри квадратни почна да гради прв сопствен објект.

Вкупната инвестиција изнесува 500.000 евра со што ќе бидат отворени 50 нови работни места.

Kamen-temelnik1

Компанијата „Елемд“ во новиот објект покрај сервис за сервисирање на медицинска и друга индустриска опрема, ќе располага и со производствен погон, магацински простор, како и деловни простории.

Спопред инвеститорот, новите простории на „Елмед“ треба да бидат готови за една година.

Kamen-temelnik2

Поволните услови што општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, целосната инфраструктура, обезбедувањето на дозволи, континуираното следење на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки, придонесоа секојдневно да се зголемува бројот на стопански субјекти во 9 –те локални економски зони во општината.