Лицето кое вчера ја oштети таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид и е познато на полицијата од самиот почеток затоа што тој самиот се пријавил откако го извршил делото, велат извори од истрагата за МКД.мк
Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка, а не со секира, како што се пишуваше, ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и самиот се пријавил. Притоа раскажал што и како се случило и зошто го направил тоа.
Од МВР пак, засега нема никаква информација за тоа кој го сторил делото и кои биле мотивите за кршење на таблата.
На официјалната фејсбук страница на клубот вчера беше објавено дека напаѓачот со секира го нападнал новиот бугарски културен центар во Охрид.
„Вандализмот започна додека во клубот се одржуваше состанок меѓу членовите на здружението и надворешни посетители. Според очевидци, од надвор почнале да се слушаат ‘фашистички’ врисоци, а набргу потоа следеле удари со секира во знакот на клубот. За среќа, сите присутни успеале да се спасат неповредени, а штетата е само материјална”, пишува на фејсбук страницата на клубот „Цар Борис Трети”.
Министерството за надворешни работи вчера изпезе со соопштение со кое најостро го осуди настанот и го нарече вандалски чин.