Стотици луѓе во карантин по случај на Covid-19 на аеродромот во Шангај

Властите во кинескиот мегалополис Шангај ставија во карантин стотоци луѓе во обидот да спречат нова епидемија на Covid-19 во градот откако на аеродромот се октирени случаи на зараза со коронавирусот кај работници во службата за прифаќње и испраќање товар, објавија во саботата локалните власти.

Околу 120 лица коишто се сметаат за блиски контакти на петмината заразени работници на аеродромот „Пудонг“ се ставени карантин, заедно со сторици друг коишто се сметаат за секундарни контакти.

Двајца работници од службата за товари, кинески и државјанин на Етиопија, се меѓу четирите ликално пренесени случаи на заразата во вкупниот број од 20 нови потврдени коронаинфекции во континентална Кина според податоците од петокот 20-ти август, објавено е во саботата.

Уште два локални случаи се идентификувани во покраините Џиангси у Хубеи. Одвоено, неповрзани епидемии првпат се појавија во овие региони во јули годинава.

Шангајските власти подоцна во саботата соопштија дека идентификувале уште тројца работници од аеродромот „Пудонг“ како потврдени случаи.

Кина, исто така, пријав 20 нови асимптоматски случаи на коронавирусот за 20-ти август, сите увезени од странство и непроменити во однос на ден претходно. Кина не ги класификува асимптоматските случаи како потврдени инфекции.

Не се регистрирани нови смртни случаи од Covid-19. До 20-ти август во континентална Кина се регистрирани 94.699 потврдени случаи и 4.636 смртни исходи.