Стотици мигранти доаѓаат на грчките острови од Турција

Стотици мигранти го минуваат Егејското Море и доаѓаат во Грција од Турција, објави во неделата грчката крајбрежна стража.

Повеќе од 20.000 луѓе веќе се наоѓаат во камповите на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос чиишто капацитети се предвидени за 6.300 луѓе. Дополнителни 4.000 мигранти се наоѓаат во помали кампови и во станови.

Од саботата утрото до неделата напладне 332 мигранти пристигнале на грчките егејски острови Родос, Калимнос, Самос, Фармаконзиа и Лезбос. Според агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR), во август на грчките острови од Турција стаслае 8.103 луѓе, или 3.200 повеќе отколку во истиот период минатата 2018 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботаа ја повтори својата закана дека ќе ги отвори границите за сириските бегалци, бидејќи Анкара не може самата да поднесе уште еден прилив на мигранти од Сирија, ЕУ во 2016 година се согласи дека ќе ѝ плати на Турција 6,4 милијарди евра во замена за враќањето на мигрантите на турска територија, но Анкара повеќепати негодуваше дека средствата не се плаќаат навреме, дека се нецелосно исплатувани и оти се премалку.

Ердоган изјави во петокот дека Турција досега на згрижувањето на сириските бегалци потрошила околу 40 милијарди долари, а дека ЕУ досега дала околу 3 милијарди евра, колку што беше првичниот договор пред три години. Портпаролката на ЕУ за миграции, Наташа ерттро во четвртокот, по првата изјава не Ердоган и закана со отворање на границите, тврдеше дека Брисел анводно веќе исплатил 5,6 милијарди евра.