Стотици странски државјани го напуштаат Појасот Газа преку контролниот пункт Рафах на границата со Египет, објави во средата телевизискиот канал Sky News Arabia.
Според телевизискиот канал, лицата кои се со странски пасоши влегуваат во Египет заедно со амбулантни возила, кои влегле во Појасот Газа за да ги извлечат ранетите жители на палестинската енклава и да ги пренесат во египетските болници.
Новинската агенција Ројтерс претходно истиот ден објави дека на 500 лица кои имаат странски пасоши ќе им биде дозволено да го напуштат Појасот Газа преку граничниот премин Рафа.
Претходно, Хамас објави списоци со над 430 луѓе кои ќе имаат право да го напуштат Појасот Газа преку граничниот премин Рафах почнувајќи од 1 ноември. Тие вклучуваат државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Чешка, Финска, Индонезија, Јапонија и Јордан.
На Палестинците со двојно државјанство и вработени во Меѓународниот комитет на Црвениот крст и голем број невладини организации им беше дозволено да ја напуштат енклавата.