Стотици странски студенти и натаму се заглавени во четвртокот во областа на светски познатиот археолошки локалитет Мачу Пикчу, а возовите и натаму се во застој поради протестите против новата перуанска претседателка Димна Болуарте, именувана по смената на нејзиниот претходник Педро Кастиљо.
Во Агуас Калиентес, селото сместено во долината во подножјето на историскиот локалитет а низ кое има пристап до Мачу Пикчу, заглавени се многу туристи. Возот меѓу Мачу Пикчу и Куско, древната престолнина на царството на Инките, делница долга 110 километри, е единствениот современ начин да се дојде или да се замине од локалитетот високо во Андите.
Според општината Мачу Пикчу, 779 туристи од различни националности се блокирани од вторникот. Железничкиот сообраќај меѓу Куско и туристичкиот бисер на Пери е запрен од вторникот поради протестите. Демонстрантите се обидоа да го заземат и тамошниот аеродром, кој поради тоа е затворен од вторникот.
Железничкиот оператори „PeruRail“ соопшти дека предност даваат на безбедноста на патниците, бидејќи стравуваат од блокади на железничките пруги. Градоначалникот Мачу Пикчу, Дарвин Бака, побарал од владата помош и хеликоптери за евакуација на туристите.
Во Перу во средата беше прогласена вонредна состојба во целата земја, со што ѝ се овозможува на војската да се ангажира во помош на полицијата во одржувањето на јавната безбедност по цела седмица големи протести и блокади на патиштата.
Протестите избувнаа откако Конгресот на 7-ми декември го отповика претседателот Педро Кастиљо. Левичарот кој беше избран на должноста во 2021 година беше уапсен откако се обиде нелегално да го распушти Конгресот, што беше последната во серијата политички кризи последните години во Перу.
Дина Болуарте, која беше потпретседателка на Кастиљо, стана шефица на државата по неговото отповикување. Политичкиот пресврт предизвика и насилства ширум Перу, особено во руралните и рударските региони кои поранешниот селанец и учител го доведоа на власт во јули минатата година.