Стотици туристи протестираа во неделата во Перу барајќи да им биде овозможено да ги разгледуваат остатоците од древниот град Мачу Пикчу кој потекнува од цивилизацијата на Инките, бидејќи влезниците со денови биле целосно продадени поради државните празници,
Посетителите од странство и од Перу формираа долги редици и гласно бараа продажба на влезници, пренесуваат локалните медиуми, а некои од нив изминатите ноќи кампирале пред местата за продажба на влезниците.
Навалицата од посетители се случува во деновите кога Перу одбележуваше два национални празници, во четвртокот и петокот. Поради продолжениот викенд, влезниците за Мачу Пикчу уште одамна биле распродадени, пишува весникот El Comercio.
Перуанското министерство за култура соопшти, меѓутоа, дека влезници нема да има во продажба сѐ до 19-ти август. Во соопштението за јавноста, исто така, беше наведено дека бројот на дозволените посетители на 17-ти јули биле зголемен од 3.044 на 4.044 дневно, што е привремена мерка која е на сила до 31-ви декември годинава.
Станува збор за апсолутна максимална броја, за да се избегнат ненадоместливите штети на ова историска локација, соопштија властите.
Денеска урнатините на Мачу Пукчу се една од најважните туристички локации во Јужна Америка и се на листата на светското културно наследство од 1983 година. Градот го подигнале Инките, чиешто царство се простирало на големи делови од Јужна Америка, од денешен јужен Еквадор до централно Чиле, во XV век а се состои од околу 200 згради, и се смета за едно до новите седум светски чуда.
Со овој комплекс е поврзан и еден куриозитет, кога во октомври 2020 година, властите на Перу го отворија Мачу Пикчу само за еден јапонски турист, кој чекаше речиси седум месеци за да влезе во архитектонскиот древен локалитет, откако беше „заглавен“ во јужноамериканската земја поради пандемијата на коронавирусот.