Стотина џихадистички борци се убиени во операција на руските и сириските владини сили и напад врз камп за обука и други борбени позиции на југот на Сирија, изјави ноќта кон понеделникот, рускиот генерал-мајор Олег Егоров.
„Руската група во содејство со сириските воени сили изведе специјална операција во градот Јасим, во јужната сириска покраина Дераа, со цел ликвидација на борците на Исламската држава“, изјави Егоров кого го цитираат руските новински агенции.
Во истата операција уништена е и група од 20-ина џихадистички милитанти кои учествувале во минатонеделниот бомбашки напад врз армиски автобус во близина на сириската престолнина Дамаск, кога беа убиени најмалку 18 сириски војници. Станува збор за еден од најсмртоносните напад последните месец, кој беше изведен против сириските војски.
„Со цел справување со меѓународните терористички организации, руските воздушни сили изведоа удари врз камп за обука на милитантите во областа на 1.300 километри североисточно од населбата Катма и команден пункт западно од населбата Азаз. Убиени се околу 100 радикали, уништен е командниот пункт, магацини со оружје, муниција и опрема, како и 15 возила со тешки митралези..“, изјавил Егоров на брифингот.
Појаснил дека во изминатото деноноќие во зоната на деескалација Идлиб, која опфаќа и делови од истоимената покраина како и соседните Алепо и Хама биле регистрирани четири гранатирања од позициите на терористичката групација Џебхат ан-Нусра, која се смета за сириското крило на Ал Каеда.