Стотина илјади Германци по грешка примиле потврда за вакцинирање

Повеќе од 100.000 жители на германски Бранденбург, кои примиле само една доза од вакцините против коронавирусот, по грешка добиле потврда за целосна имунизација, наведува изданието BZ Berlin.

Според извештајот, на 16-ти јуни околу 460.000 жители на сојузната покраина Бранденбург добиле електронска потврда од покраинското министерство за здравство, дека биле целосно вакцинирани против коронавирусот воцетрите за вакцинации или со мобилните медицински тимови.

Но, всушност, само 382.000 жители на Бранденбург биле целосно вакцинирани против Covid-19, при што деч се вакцинирале во болници или кај приватен лекар. Така, според весникот, повеќе од 100.000 луѓе по грешка добиле известување дека се целосно имунизирани или во центрите за вакцинација или од мобилните тимови.

„Тоа несомнено е жално и жалам за тоа“, признава покраинската министерска за здравство Урсула Нонемахер од партијата на Зелените.

Се проценува дека станува збор за грешка на Здружението на лекарите лиценцирани за здравствено осугурувње коешто управува со центрите за вакцинација кое требало да го испрати QR само на целосно вакцинираните лица. Челникот на здружението, Петер Ноацк не одговорил на барањето за коментар.

„Министерството очигледно нема преглед које е вакциниран, кога каде и колку. Бараме специјален состанок на комисијата за здравсво со слободните избирачи“, изјави шефот на парламентарната група на партијата Левица Себастијан Валтер.