Страбаг АГ ќе ги реконструира студенските домови во земјава

Во Владата денеска беше потпишан договор за градежни активности за реконструкција на два државни студентски дома во Скопје, рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација. Договорот е потпишан со економски оператор кој доставил најповолна понуда – Страбаг АГ.

Проектот ќе ги опфати сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, а договорот што беше потпишан денеска се однесува на прва од три фази т.е. за реконструкција на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека првите два дома од вкупно деветте ќе бидат реконструирани за 18 месеци.

-Оваа крупна капитална инвестиција се реализира со средства од Германска развојна банка од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија, рече Ковачевски.

На настанот се обратија и Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Штефен Худолин, в.д. амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија.