Штрајкот на пилотите ја чинел „Луфтханза“ 100 милиони долари

луфтханза

Од пролетта во 2014 година, пилотите на Луфтханза штрајкуваа 15 пати со барање за зголемување плати. Тие се жалат дека платите не им се зголемени пет години иако компанијата остварува добри профити.

Според Луфтханза, од штрајкот профитирале другите авиокомпании во групацијата – Австријан Ерлајнс и Свис Ерлајнс кои користеле поголеми авиони на своите летови во и од Германија. Синдикалните челници моментно разгледуваат нова понуда на компанијата – зголемување на платите за 4,4 отсто во тек на двегодишен период.